UPSHIFT

Social Impact Programme

 

Зa UPSHIFT програмата

UPSHIFT е програма за социјално претприемништво развиена од страна на УНИЦЕФ, во рамкките на која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им се овозможува на младите да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

 

Преку оваа програма, младите се поттикнати да препознаваат предизвици од нивната блиска средина и да понудат иновативни решенија во вид на производи или услуги. Во самиот процес на развивање на идеите, со поддршка на менторите и со примена на современи алатки, се потикнува иновативно размислување и развој на претприемнички вештини.

  

Со учеството во програмата:

• ќе стекнете нови вештини и знаења;
• ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница, а и пошироко;
• ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
• ќе стекнете нови пријателстваи 
• ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

 

Критериуми за учество и начин на аплицирање

Иновативни решенија за проблеми од заедницата

Интензивна 3-дневна работилница за развој на идеите

Најдобрите тимови продолжуваат со 3 месечен период на поддршка

 
 
 

Ве повикуваме да развиете решенија за проблемите од вашата заедница кои се предизвикани или продлабочени како последица од кризата. Се што треба да направите е да формирате тим од 2-5 ученици на возраст од 13-19 години и да ја пополните апликацијата најдоцна до 20 ноември 2020 година.

Основците на чекор до правење промени во нивните заедници

Тимови од Скопје, Битола, Велес, Кавадарци, Македонска Каменица, Штип и Демир Хисар со нивните професори и ментори напорно работена на развојот и прототипирањето на нивните решенија.  Тимовите опфатија различни општествени предизвици и понудија одлични решенија за истите.

Отворен првиот повик за програмата UPSHIFT 2020 - Социјални предизвици за млади иноватори!

Го објавуваме првиот од трите АПШИФТ повици за 2020година. Првиот повик е наменет само за основите училишта од целата држава.

Ги повикуваме сите наставници од основните училишта кои го предаваат предметот Иновации да формираат тим од 2-5 ученици од 9то одделение и да се пријават најдоцна до 10ти февруари 2020. 

 

Средношколци-претприемачи произведуваат органски мед

АПШИФТ програмата за социјално претприемништво продолжува да пишува успешни приказни за средношколци-претприемачи.

Тим од  СУГС Браќа Миладиновци, Скопје одгледува пчели и произведува органски мед. Оваа година за првпат учениците го собраа плодот од нивната едногодишна работа односно го произведоа и спакуваа првиот мед од нивните пчелни кошници.

Динамично дуо сака да ја искористи енергијата од зависноста на младите од социјалните медиуми

Иван и Стефан, средношколци од Орце Николов во Скопје одлучија да ја искористат зависноста на младите паметни уреди и социјални медиуми за да ги инспирираат да бидат поактивни и посвесни за ресурсите во нивната околина.

Преку популарност и мода до промоција на еколошки решенија

Тројца средношколци, заморени да го гледаат училиштето преплавено од пластични шишиња, се здружија во тим и одлучија да се пријават за учество на првата UPSHIFT програма во земјата за да влијаат на своите врсници и да се исчисти училиштето.

 

Аплицирај до 10ти февруари за учество во UPSHIFT програмата

 

Контакт

CEED Hub Skopje
Руѓер Бошковиќ, 18 Скопје
www.ceedhub.mk;  hello@ceedhub.mk

Контакт лице:
Маја Трајкова

mtrajkova@ceed-macedonia.org

© 2018 by CEED Hub Skopje