АПЛИЦИРАЈ ЗА UPSHIFT ПРОГРАМАТА
Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво?
Ако сите одговори се „ДА“ тогаш собери свој тим и бидете дел од првата генерација на млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи!
Ние – CEED HUB Скопје,Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, и УНИЦЕФ – ви нудиме можност преку учество во UPSHIFT програмата да откриете што сакате да промените, да развиете иновативно решение и да добиете финансиска поддршка за истото да стане реалност.
Пред вас се неколку едноставни чекори:

Со учеството во програмата:
-
ќе стекнете нови вештини и знаења;
-
ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
-
ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
-
ќе стекнете нови пријателства и
-
ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.
Ваша обврска е да направите тим од најмногу 5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја пополните апликацијата до 15 септември 2018.
За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.