АПЛИЦИРАЊЕ

UPSHIFT програмата се реализира во текот на една година преку имплементација на 3 работилници за развој на бизнис идеите од страна на тимовите учесници во работилниците. 

За учество во програмата може да се пријават сите заинтересирани лица на возраст од 13 до 19 години, групирани во тим составен од најмалку 2, а најмногу 5 члена, заедно со професор/наставник од училиштето.

Препорака е тимот да биде составен од членови со различни вештини и интереси, бидејќи така ќе биде поуспешен. Секој член на тимот треба да се обврзе дека ќе учествува на тридневната работилницата за која навремено ќе бидат известени. Малолетните лица треба да добијат дозвола од родителите/старателите за учество на работилницата, во случај да бидат избрани.

Тимот може да аплицира за учество во програмата со пополнување на апликациски формулар за секој отворен повик. 

© 2018 by CEED Hub Skopje