Успешно заврши првото онлајн издание на UPSHIFT 2020

Нови две работилници во рамките на Програмата за социјално претприемништво за млади - АПШИФТ , подржана од УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој а имплементирана од ЦЕЕД ХАБ, се одржа во периодот од 02.12.2020 до 14.12.2020 год. Преку идентификување и изнаоѓање решенија за проблеми во непосредната заедница,  младите на возраст од 13 до 19 години, со имаа можност да научат повеќе за социјалното претприемништво а во исто време и да ги подобрат своите претприемнички вештини.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Право на учество имаа тимови составени од 2 до 5 члена, кои со примена на иновативен пристап за креативно размислување, идентификуваат постоечки проблем во својата заедница, заедно работат на наоѓање решение, преку кое исто така можат да генерираат приходи и средствата да ги вложат во понатамошен развој на своето социјално претпријатие. 

На двете работилници, учествуваа по 7 тима од различни средни училишта од Скопје, Куманово, Кочани, Велес, Дебар, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Струмица. Овие 14 тимови  имаа можност во текот на 3 дена, под водство на нивните ментори и професори, да ги развијат своите идеи и да стекнат практични вештини со кои можат да ја имплементираат нивната замисла.

За првпат оваа година овие работилници се одржаа онлајн на платформата Zoom. Со цел учесниците во програмата да можат да имаат целосно образовно искуство, за успешна реализација на програмата се користеше креативната алатка Miro, која им овозможи на тимовите лесно да работат заедно и да ги визуелизираат нивните идеи. Учениците, со нивната посветеност, желба за развивање  нови вештини и стекнување нови знаења, користеа технолошки алатки во текот на обуката што го направија пренесувањето на содржината онлајн лесно и успешно!

Учесниците се претставија со одлични, иновативни идеи за надминување на проблемите во нивната непосредна средина, и токму затоа комисијата која беше составена од три члена имаше тешка задача да одбере кои 7 тима да бидат наградени. Од првата работилница, победничките тимови доаѓаат од следниве училишта: Раде Јовчевски Корчагин и Јосип Броз Тито од Скопје, Јосиф Јосифовски од Гевгелија и Љупчо Сантов од Кочани. Победничките тимови од втората работилница се следниве: Браќа Миладиновци од Скопје, Коле Нехтенин од Штип и Димитрија Чуповски од Велес.

 

Наградата за овие тимови ќе изнесува 120 илјади денари кои тимовите ќе ги вложат кон реализирање на своите идеи.

Овие тимови понудија решенија кои се одржливи и ќе бидат во корист на заедницата и по завршување на програмата. Решенијата вклучуваат подобрување на образовниот процес и наминување на предизвиците што произлегуваат од кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19, намалување на бројот на заразени лица, креирање онлаjн платформа за дружење на младите, организирање на едукативни настани за деца од предшколска и рана школска возраст итн.

Со нетрпение ја очекуваме имплементацијата на решенијата и нивниот позитивен ефект во општеството.

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.  

© 2018 by CEED Hub Skopje