Средношколци-претприемачи произведуваат органски мед

АПШИФТ програмата за социјално претприемништво продолжува да пишува успешни приказни за средношколци-претприемачи.

Овој пат станува збор за тим составен од четворица средношколци Александар Симоновски, Берат Јусуфовски, Ејуп Сулејмани и Бејтула Емини со нивните професори Тони Димитриевски и Осман Бајрами од СУГС Браќа Миладиновци, Скопје.  Тимот минатата година учествуваше на тридневна работилница за развој на бизнис идеја како решение на идентификуваниот социјален предизвик во нивната заедница. Работилницата беше организирана во рамките на проектот АПШИФТ кој се имплементира од страна на CEED Hub Skopje, со поддршка УНИЦЕФ МК, Фонд за Иновации и Технолошки развој, Министерство за образование и наука и Биро за развој на образование.

Во текот на работилницата тимот работеше на развој и план за имплементација на проектот за одгледување пчели и производство на органски мед. Откако успешно ја завршија работилницата и ја убедија комисијата во потребата и корисноста од нивното решение се најдоа на листата на победници.

 

 

 

 

 

 

 

Како еден од петнаесетте победници поддржани од проектот, тимот доби менторска и финансиска поддршка од 2000 евра за реализација на нивниот проект. Финансиските средства беа искористени за опремување на лабораторија во училиштето каде се изведува практична настава за пчеларство, како и за набавка на пчеларски кошници и други потребни средства за работа и материјали за одгледување на пчели и производство на мед.

 

 

Во одгледувањето на пчелите и производството се вклучени и други ученици од училиштето како дел од нивната практична работа. Оваа година за првпат учениците го собраа плодот од нивната едногодишна работа односно го произведоа и спакуваа првиот мед од нивните пчелни кошници.

Очекуваме новости од тимот за продажбата и достапноста на нивниот мед на полиците во маркетите ширум државата.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на УНИЦЕФ МК, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерство за образование и наука  и Бирото за развој на образованието.  

© 2018 by CEED Hub Skopje