Успешен крај на учебната година со еко-предизвикот на UPSHIFT!

Во рамките на Програмата за социјално претприемништво за млади - АПШИФТ , подржана од УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој а имплементирана од ЦЕЕД ХАБ, во периодот од 09.06.2021 до 14.06.2021 год се оддржа еко-предизвик отворен за сите средношколци. Десет средношколски тимови од Македонија имаа задача да смислат конкретни и иновативни решенија во вид на производ, услуга или процес кои се однесуваа на намалување на штетните влијание од климатските промени и заштита на планетата земја. Работилницата се оддржа на платформата ZOOM и за полесна соработка помеѓу членовите од тимот се користеше алатката Miro.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На оваа работилница учествуваа 46 ученици од различни средни училишта од Скопје, Кочани, Охрид, Струга, Штип, Кавадарци, Прилеп. Во текот на 3 дена, под водство на нивните ментори и професори овие тимови имаа можност да ги развијат своите идеи и да стекнат практични вештини со кои можат да ја имплементираат нивната замисла. Учениците, со нивната посветеност, желба за развивање  нови вештини и стекнување нови знаења, користеа технолошки алатки во текот на обуката што ја направија онлајн работилницата да се одвива лесно и успешно!

На 11.06.21 се оддржа презентација на идеите кои ги развиваа тимовите пред комисија. Учениците претставија многу иновативни идеи за надминување на еколошките предизвици во нивната околина и токму затоа комисијата која беше составена од три члена имаше тешка задача да одбере кои 5 тима да бидат наградени. Наградени беа тимовите од следниве училишта: „Владо Тасевски“ од Скопје, „Нико Нестор“ од Струга, „Орде Чопела“ од Прилеп, „Михајло Пупин“ од Скопје, „Гошо Викентиев“ од Кочани.

 

Наградата за овие тимови ќе изнесува 120 илјади денари кои тимовите ќе ги вложат кон реализирање на своите идеи.

Овие тимови понудија решенија кои се одржливи и ќе бидат во корист на заедницата и по завршување на програмата. Решенијата вклучуваат заштита и прочистување на животната средина и надминување на предизвиците што произлегуваат од влијанието климатските промени.

 

Со нетрпелие го очекуваме спроведување и реализирање на овие идеи и нивниот позитивен ефект врз животната средина!

Ucesnici.png
Prezentacija (3).png

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.