За сите млади ентузијасти спремни за предизвици!

Дали сте спремни за предизвик со кој ќе решите некој проблем од социјален карактер?

Сакате на направете општествена промена и имате идеја/решение како да ја направите истата?

 Во тој случај, направете тим од 2-5 учесници на возраст од 13-19 години и пријавете се за учество во програма која се спроведува на светско ниво.

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења;

  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;

  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;

  • ќе стекнете нови пријателства и

  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Може да аплицирате до 10ти ноември на следниов линк

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со Маја Трајкова на: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им помага на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства

Програмата се имплементира од страна на CEED Hub Skopje, а со поддршка на УНИЦЕФ, Министерство за образование и наука и Фонд за иновации и технолошки развој.

© 2018 by CEED Hub Skopje