Повикот за третиот UPSHIFT  предизвик е отворен!

Презадоволни од разултатите од претходните 2 циклуси, со задовослтво го објавуваме повикот за третиот циклус и со нетрпение ги очекуваме апликациите со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество.

Бидејќи секојдневно се соочуваме со голем број на општествени предизвици кои имаат големо влијание врз нашите животи, со оваа програма сакаме да ве поттикнеме, Вас младите, да ги препознаете истите и да понудите иновативни решенија во вид на производ или услуга.

Ние преку UPSHIFT програмата ќе ви помогнеме и поддржиме во реализацијата на вашите решенија за решавање на социјалните проблеми од заедницата.

 

Се што треба да направите вие е да  формирате тим од 2-5 учесиници на возраст од 13-19 години и да ја пополнете апликацијата до 12.03.2019.

По завршувањето на повикот, ќе ве известиме дали сте меѓу десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и ќе добијат шанса да учествуваат во третата UPSHIFT работилница.

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења;

  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;

  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;

  • ќе стекнете нови пријателства и

  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Затоа, силно ве охрабруваме да го пронајдете проблемот кој најмногу ве предизвикува и изнајдете решение за истиот.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со Маја Трајкова на: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им помага на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства

Програмата се имплементира од страна на CEED Hub Skopje, а со поддршка на УНИЦЕФ, Министерство за образование и наука и Фонд за иновации и технолошки развој.

© 2018 by CEED Hub Skopje