UPSHIFT ПРИКАЗАНИ

Учесниците во работилниците работеа напорано и креативно за нивните идеи да ги преточат во реалност. Погледнете ги успешните приказни на победниците од изминатите работилници.

Средношколци-претприемачи произведуваат органски мед

АПШИФТ програмата за социјално претприемништво продолжува да пишува успешни приказни за средношколци-претприемачи.

Тим од  СУГС Браќа Миладиновци, Скопје одгледува пчели и произведува органски мед. Оваа година за првпат учениците го собраа плодот од нивната едногодишна работа односно го произведоа и спакуваа првиот мед од нивните пчелни кошници.

Динамично дуо сака да ја искористи енергијата од зависноста на младите од социјалните медиуми

Иван и Стефан, средношколци од Орце Николов во Скопје одлучија да ја искористат зависноста на младите паметни уреди и социјални медиуми за да ги инспирираат да бидат поактивни и посвесни за ресурсите во нивната околина.

Преку популарност и мода до промоција на еколошки решенија

Тројца средношколци, заморени да го гледаат училиштето преплавено од пластични шишиња, се здружија во тим и одлучија да се пријават за учество на првата UPSHIFT програма во земјата за да влијаат на своите врсници и да се исчисти училиштето.

Млади луѓе со рецепт за промена

Пет девојки од средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица се здружија за да направат промена, за младите луѓе од нивното училиште и заедница да имаат алтернативи за здрава исхрана наспроти „богатата“ понуда на бургери, пици, печива и газирани пијалоци.

Млади иноватори понудија решенија за социјални проблеми

„Нашата идеја се базира на две придобивки: еколошка и финансиска. Пресметавме дека учениците во нашето училиште фрлаат околу 4.000 пластични шишиња неделно и дека ако ги замениме со термоси, можеме заедно да заштедиме 80.000 денари неделно,“ велат Теодор, Филип и Дамјан од основното училиште „Владо Тасевски“, членови на победничкиот тим. „

© 2018 by CEED Hub Skopje