НОВОСТИ

Основците на чекор до правење промени во нивните заедници

Тимови од Скопје, Битола, Велес, Кавадарци, Македонска Каменица, Штип и Демир Хисар со нивните професори и ментори напорно работена на развојот и прототипирањето на нивните решенија. Тимовите опфатија различни општествени предизвици и понудија одлични решенија за истите.

Отворен првиот повик за програмата UPSHIFT 2020 - Социјални предизвици за млади иноватори!

Го објавуваме првиот од трите АПШИФТ повици за 2020година. Првиот повик е наменет само за основите училишта од целата држава.

Ги повикуваме сите наставници од основните училишта кои го предаваат предметот Иновации да формираат тим од 2-5 ученици од 9то одделение и да се пријават најдоцна до 10ти февруари 2020.

Продолжуваме со предизвици за млади - UPSHIFT 2020

 

 

Чест ни да ја го најавиме овогодинешното издание на програмата UPSHIFT каде млади  на возраст од 13-19 години повторно ќе имаат можност да совладаат некој проблем во општеството и да ги развијат своите идеи со помош на ментори и примена на современи алатки.

Повикот за третиот UPSHIFT  предизвик е отворен!

Презадоволни од разултатите од претходните 2 циклуси, со задовослтво го објавуваме повикот за третиот циклус и со нетрепение ги очекуваме апликациите со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество.

Ние преку UPSHIFT програмата ќе ви помогнеме и поддржиме во реализацијата на вашите решенија за решавање на социјалните проблеми од заедницата

Предизвик за сите млади: намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот

Со секој здив, илјадници деца во земјата вдишуваат отровен воздух. Загадувањето на воздухот има најголемо влијание врз здравјето на децата во споредба со сите други еколошки закани, а последиците се долготрајни. Но, постојат начини за превенција и намалување на штетните ефекти.

Нашиот нов предизвик за вас гласи: како да го намалиме загадувањето и да го подобриме квалитетот на воздухот во и околу училиштата и градинките?

Дали сте подготвени за предизвикот UPSHIFT?

Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво?
Аплицирај за програмата UPSHIFT!

© 2018 by CEED Hub Skopje