Продолжуваме со предизвици за млади - UPSHIFT 2020

Ако во 2019та година научивме нешто, тоа е дека младите во Македонија успешно препознаваат предизвици во нивната околина и уште поуспешно се соочуваат со истите благодарение на нивниот креативен ум со кој нудат многу иновативни решенија.

Затоа ни е чест да ја го најавиме овогодинешното издание на програмата UPSHIFT каде млади  на возраст од 13-19 години повторно ќе имаат можност да совладаат некој проблем во општеството и да ги развијат своите идеи со помош на ментори и примена на современи алатки.

УНИЦЕФ со развивање на оваа програма сака да ги поттикне младите да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво, да веруваат во себе и својата способност да донесат промена преку иновативни решенија кои би користеле локално, но би имале ефект глобално.

Во 2019та на UPSHIFT успешно се развија многу идеи кои се фокусираа на проблемите со кои се соочуваат младите секојдневно како загадувањето, ниската еколошка свест, слабиот пристап до здрава храна во училиштата, големата изложеност на социјални медиуми и слично.

Нетрпеливо ги очекуваме идеите кои ќе ги обележат трите циклуси на UPSHIFT во текот на оваа година. Најуспешните идеи ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја развијат и имплементираат истата.

Сите новости за оваа програма следете ги на страната на UPSHIFT, CEED Hub и на официјалната facebook страна на CEED Hub.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.  

© 2018 by CEED Hub Skopje