Основците на чекор до правење промени во нивните заедници

Програмата АПШИФТ за социјално претприемништво во која преку идентификување и решавање на проблеми во заедницата им се овозможува на младите луѓе да станат социјално одговорни личности започна со реализација на првиот циклус за 2020 г.

На програмата може да учествуваат млади луѓе од 13 до 18 години кои имаат идентификувано проблем во своите заедници и изнајдено решение за истиот. Првиот циклус беше наменет само за ученици од Основите училишта, односно за ученици на возраст од 13-14 години.

Од големиот број на примени пријави беа селектирани 10 тимови со најдобри решенија за решавање на општествените предизвици. 47 ученици од различни Основни училишта ширум државата зедоа учество во 3-дневната работилница за развивање на нивните бизнис идеи во реални бизниси која се одржа од 27 до 29 февруари 2020 во Струга.

Тимови од Скопје, Битола, Велес, Кавадарци, Македонска Каменица, Штип и Демир Хисар со нивните професори и ментори напорно работена на развојот и прототипирањето на нивните решенија.  Тимовите опфатија различни општествени предизвици и понудија одлични решенија за истите. На работилницата добија и кратка обука за презентациски и комуникациски вештини која многу им помогнаа при презентацијата на нивните решенија пред комисијата за селекција за добивање на финансиска поддршка за нивниот проект.  

Сите решенија беа одлични, затоа комисијата мораше да донесе тешка одлука за избор на само 5 тима кои ќе добијат финансиска и менторска поддршка.  Победничките тимови од следниве училишта Војдан Чернодриснкив-Скопје; Рајко Жинзифов-Скопје; Климент Охридски-Битола; Коле Канински-Битола и Димката Ангелков Габерот-Кавадарци понудија решенија кои се самоодржливи и ќе бидат во корист после завршувањето на програмата. Некои од решенијата нудат зелени интерактивни училишни дворови, зелени градини и ѕидови, безбедно користење на социјални медиуми, па се до соларни панели за прочистување на воздухот.

Со нетрпение ги очекуваме сите решенија имплементирани и ставени во функција за најдоброто на заедницата.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.  

© 2018 by CEED Hub Skopje