Повик за учество во UPSHIFT програмата

Дали имате идеја за производ или услуга коишто сакате да ги развиете? Дали препознавате некој проблем во вашата заедница, за кој можеби имате иновативно решение? CEED HUB Скопје, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој ви нуди можност преку учество во UPSHIFT програмата да ја развиете идејата, да најдете решение на проблемот што сте го препознале и да добиете финансиска поддршка да ги реализирате.

Учеството во оваа програма ќе ви овозможи:

  • Да стекнете нови вештини и знаења

  • Да решите некој социјален проблем во вашата заедница

  • Да научите како да ги дизајнирате, развиете и имплементирате вашите идеи

  • Да стекнете нови пријателстав и запознаете млади луѓе со слични интереси и вредности

  • И секако, да освоите 2000 евра и да вашата идеја ја претворите во реалност.

Ваша обврска е да го идентификувате проблемот, да направите тим од најмалку 2 а најмногу 5 млади луѓе на возраст од 13-19 години и да се пријавите на следниот линкКраен рок за аплицирање е 10ти септември 2018г

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да нè контактирате на е- маил: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

© 2018 by CEED Hub Skopje