РАБОТИЛНИЦИ

Селектираните 10 тимови ќе бидат поканети да учествуваат во 3дневна работилница на којашто со помош на нивните професори/наставници и ментори-професионалци во соодветните области, интензивно ќе работат на анализа на проблемот и изнаоѓање соодветно решение.

Работилниците ќе опфатат 4 фази на развој на идејата:

1 фаза:

Разбирање на проблемот

Модул 1: Дрво на проблеми и 5те „Зошто„

Модул 2: Целни групи и вклучени страни/чинители

Модул 3: Личности

Модул 4: Исказ за крајна состојба и влијанија

2 фаза:

Дизајн

Модул 1: Предизвик за дизајнирање

Модул 2: Бура на идеи

Модул 3: Изработка на концепт/модел

3 фаза:

Изработка и Тестриање

Модул 1: Изработка на прототип 1: Избор на прототип

Модул 2: Приказни за корисници

Модул 3: Изработка на прототип 2: Методи на градење

Модул 4: Изработка на прототип 3: Тестирање на прототип со корисници

Модул 5: Работа со добиените информации од корисниците

4 фаза:

Реализација

Модул 1: Способности и потребни ресурси

Модул 2: Одржливост и приходи 

Модул 3: Презентација на идеите

Последниот ден од работилницата е резервиран за презентации од страна на тимовите. Секој тим во рок од 10 минути треба да го презентира своето решение пред комисија која ќе селектира 5 тимови победници.

 

Селекцијата на победничките тимови се врши според следниве критериуми:

  • презентација и одговор на прашања

  • релевантност на проблемот и таргет групата

  • креативност и одржливост на решението

  • капацитет на тимот 

Селектираните 5 тимови ќе добијат награда од по 2 000 евра за реализација на идејата.

© 2018 by CEED Hub Skopje