СЕЛЕКЦИЈА

Секој отворен повик трае од 10-15 дена, период во кој младите може да формираат тимови, да препознаат предизвик и изнајдат решение со кое ќе аплицираат на повикот.

По завршување на рокот за пријавување, комисијата за евалуација од пристигнатите апликации ќе селектира 10 тимови коишто имаат најголем потенцијал за реализација на дефинираниот проблем во заедницата.

Селекцијата се врши според претходно дефинирани критериуми и тоа:

  • квалитет на апликацијата

  • разбирање на проблемот кој идентификуван од страна на тимот

  • одржливост на решението и целиот проект

  • реалната потреба на заедницата од предложеното решение

 

Во период од 3-5 дена од завршување на повикот, тимовите ќе бидат известени за резултатите од селекцијата. 

Селектираните тимови ќе бидат поканети да ни се придружат на работилница каде многу подетално ќе се анализира предложениот предизвик и ќе се дефинира можното решение.

© 2018 by CEED Hub Skopje